Британскиот пејач Ед Ширан повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не само со својата музика, туку и со драстичната промена во изгледот.
Тој на својот инстаграм-профил сподели неколку фотографии на кои е речиси непрепознатлив, а обожавателите беа изненадени од неговиот нов „емо“ стил. Имено, Ед реши да експериментира со изгледот за снимањето на видеото за неговата нова песна „Азизам“.
Неговиот препознатлив имиџ, кој вклучува портокалова коса и лежерен стил на облека, го замени со потемни тонови. На фотографиите тој носи црна облека, црна перика со капа и лажен пирс на усните, што потсетува на популарниот „емо“ стил од 2000-тите.
Во описот на објавата, Ширан се потсети на неговите тинејџерски денови.
„Кога имав 14 години имав слична фотографија на Мајспејс“, напиша покрај фотографиите.
Пејачот ги покани своите следбеници да гласаат за верзијата од него што најмногу им се допаѓа – сегашната или онаа од минатото.
„Нема да лажам, многу ми се допаѓа тој пирсинг на усните“; „Емо Ед е буквално мојот омилен Ед, те молам направи вакво видео“; „Крал на селфи“; „Те сакам, но ова е вистински изненадувачкo“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, Ширан неодамна ги изненади минувачите во центарот на Лондон кога запеал пред станицата Кингс Крос отпеал неколку од неговите најголеми хитови меѓу кои „Shape Of You“, „Bad Habits“ и „Perfect“, како и новата песна „Azizam“.