[ФОТО] Oд таква убавица се претвори во ова: Сега изгледа како лик од хорор филм

Точка

09/04/2025

18:08

3.377

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Џулија Фокс го привлече вниманието со својот необичен изглед на наградите „Fashion Trust US Awards“ што се одржа во Лос Анџелес.

Таа за оваа пригода избра нагласена сценска шминка и многумина ги потсети на некоја бизарна кукла или кловн. Носеше и голема капа, перика, долг фустан украсен со цветни мотиви и потпетици на платформа.


Споменатата модна манифестација се одржува од 2022 година, а целта е да промовира млади дизајнери од Соединетите Американски Држави.

Покрај Фокс, на доделувањето на наградите присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои Лиза Рина, Лори Харви и Зои Дешанел.


Фокс долго време привлекува внимание со својот смел изглед. Минатиот месец на забавата на „Венити фер“ (Vanity Fair) организирана по доделувањето на Оскарите, таа се појави во потполно проѕирна креација, а интимните делови ги покри со вештачки прамени коса.


Оваа манекенка се прослави во 2022 година, кога беше во врска со Канје Вест. Таа во неколку наврати изјави дека оваа врска ја смета за голема грешка.