Том Круз (62) повторно е виден со 36 години помладата актерка за која се шпекулира дека е неговата нова девојка. Тие се појавија во Мадрид, додека претходно беа фотографирани заедно во Лондон. И додека едни, а такви се малцинство, мислат дека се работи за деловна соработка и снимање на нов филм, други се убедени дека се работи за нешто повисоко, односно за љубовна врска.
Со нив биле и двете кучиња на Ана. Актерката едното куче го носела во раце, додека другото го шетала на поводник. И двајцата биле облечени лежерно. Круз носел сино палто, бела маица и беж панталони, а Ана кожена јакна, фармерки и бела маичка. Тие излегле од хеликоптерот со насмевки на лицата, што ги поттикна гласините кои кружат подолго време.
Том Круз се има појавено неколку пати со Ана де Армас (36) и најмногу во коментарите се истакнувала разликата во годините, што и сега е случај: „Може да ѝ биде татко“, „Ма, може да ѝ биде и дедо, така изгледаат заедно“.
Инаку, тие претходно беа видени во Лондон, каде што заедно отидоа на вечера на Денот на вљубените. Таа вечер и двајцата разговараа со обожавателите и се фотографираа со нив.
Тогаш, извори за „Пипл“ рекоа дека во тоа време Том и Ана излегле на вечера со нивните агенти и разговарале за потенцијална соработка. Тие исто така тврдеа дека Круз и Де Армас се само пријатели и немаат романтична врска.
Том беше поврзан со шпанската пејачка Викторија Канал минатата година, а гласините се појавија откако се запознаа на фестивалот Гластонбери. Сепак, Круз во август 2024 година рече дека овие гласини се „луди“.
.На Ана ѝ се советува што поскоро да се оддалечи од Том Круз, кој го опишуваат како голем нарцис и напоменуваат дека може да ја „вовлече во секта“, алудирајќи на неговата приврзаност кон Скиентолошката црква, која пресудила на неговиот брак со Никол Кидман, потоа со Кејти Холмс, како и во врската со неговата ќерка Сури Круз. Да потсетиме дека Круз беше во брак и со актерката Мими Роџерс.
Некои го насочуваат вниманието на љубовната историја на Ана де Армас и велат дека таа ги брка исклучително моќните мажи, само со цел да ѝ помогнар во кариерата. Тие потсетуваат на нејзината романса со Бен Афлек, кој со неа не ја симнуваше насмевката од лицето, за разлика од бракот со Џенифер Лопез, кога тој речиси секогаш беше мрзоволен во јавноста.
Ана де Армас е шпанско-кубанска актерка која играше во хит серијата „El internado“. После тоа, во 2022 година, таа глумела како Мерлин Монро во филмот „Blonde“, а со Афлек играше во „Deep water“. Таа оствари забележителна кариера во Холивуд, а ѝ се предвидуваат уште поголеми успеси.