[ФОТО] Познатата актерка искритикувана дека има премногу ботокс, но нејзиниот сопруг со остри зборови им возврати: Сега сите зборуваат за него

Точка

16/04/2025

19:26

2.886

Големина на фонт

а а а

Актерката Хилари Даф последните денови беше мета на критики поради наводното користење на ботокс, а нејзиниот сопруг Метју Кома јавно застана во нејзина одбрана.

Даф неодамна објави фотографии на својот Инстаграм профил, а под објавата имаше негативни коментари за нејзиниот изглед.

„Зошто правела ботокс, господе, сите ми изгледаат исто“, бил еден од коментарите.


Нејзиниот сопруг одговорил на еден од коментарите алудирајќи на името на личноста и напишал: „Од…и, пеперутке“.

Многумина го пофалија Кома што застана во одбрана на неговата сопруга.

„На сите им покажува како вистинските сопрузи ги штитат своите жени“, „Искрено, таа е вработена мајка, роди четири деца и може да прави сѐ што ја прави среќна. Јас родив едно дете пред 31 година и ми треба ботокс“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.


Даф долго време е мета на критики, а за ботоксот зборуваше во интервју за „Women’s Health“ во 2022 година, кога се осврна и на притисоците кои жените ги чувствуваат поради „принудата“ постојано да изгледаат беспрекорно.


“Ние работиме до смрт за да бидеме во форма и да изгледаме најдобро. Правиме третмани за лице, ботокс, фризури, прамени, веѓи, трепки и сето тоа ср..е. Сакам да работам на себе одвнатре, тоа е најважниот дел од системот”, вели таа.

Актерката, која има четири деца, во интервјуто изјавила и дека е „горда“ на промените на своето тело по породувањето, позирајќи гола на насловната страница на магазинот.


Даф и Кома се венчаа во 2019 година и имаат три ќерки: Бенкс, 6, Мај, 4 и Таунс, 11 месеци. Актерката, која кариерата ја започна во Дизни каналот, го има и синот Лука (13) од бракот со поранешниот сопруг Мајк Комри.