Новиот CUPRA Formentor ја доби главната награда – „Златно Тркало“ за Најпосакуван Автомобил во Македонија.
CUPRA Formentor е првиот целосно самостоен модел на CUPRA, кој совршено ги комбинира спортскиот дух, врвната динамика и препознатливиот дизајн. Овој кросовер-купе ги поместува границите со својата уникатност и напредна технологија.
Иако CUPRA е нов бренд на пазарот, Formentor беше номиниран во категоријата за главната награда – Најпосакуван Автомобил – и по еден месец онлајн гласање освои дури 39% од гласовите.
На гала-вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Avto Plus, CarClub, Cars by Vik и RPM, главната награда „Златно Тркало“ ја прими Генералниот директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, во придружба на Бренд Менаџерот на SEAT & CUPRA, Дејан Враниќ.
Златко Муцунски во своето обраќање истакна:
„CUPRA Formentor е симбол на смел дизајн, спортски дух и технолошка софистицираност. Таа претставува автентичен израз на нашата визија за нова ера во автомобилизмот – ера во која страста, иновацијата и уникатниот карактер се во центарот на секое возачко искуство. Оваа година Порше Македонија слави 20 години постоење, а оваа награда е уште едно признание и поттик да продолжиме со нашата мисија: да ја предизвикуваме нормата и да нудиме автомобили што оставаат впечаток.“
Новиот Audi A5 доби наградата за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија
Audi A5 победи во категоријата со 35% од гласовите.
Со прецизен, динамичен дизајн, целосно нов ентериер и напредна MHEV технологија за ефикасно и делумно електрично возење, новиот Audi A5 плени на прв поглед. Благодарение на новата архитектура, A5 нуди уште поголема поврзаност, интуитивна интеракција и врвно Audi искуство. Тој го дефинира идниот стандард во премиум сегментот.
„Новиот A5 е симбол на Audi – софистициран, моќен и технолошки напреден. Благодарна сум што публиката ги препозна вредностите на нашите модели. Оваа награда е признание за посветеноста и страста на целиот тим.“ – изјави Весна Бошнаковска, Бренд Менаџер за Audi, при примањето на наградата.
„Златно Тркало“ претставува уникатен показател за вкусот и интересот на публиката.
Воспоставена од жирито на водечките онлајн медиуми во земјата, оваа награда нуди автентичен увид во најпосакуваните возила на македонскиот пазар.
Комерцијален текст