"Mercedes-Benz G-класа" во ретро издание за 460 најбрзи купувачи

Точка

18/04/2025

11:05

1.687

Големина на фонт

а а а

Ексклузивна серија што го слави наследството на иконскиот теренец.

"Mercedes-Benz" повторно ги израдува љубителите на G-класата со нова, ексклузивна и строго ограничена серија од само 460 возила.

Новата G-класа во издание „Stronger than the 1980 s“ е одговор на неверојатниот интерес што го предизвика 500.000-тиот произведен примерок на G-класата, кој се симна од производната лента во 2023 година. Ова ретро издание, со уникатен спој на бои од минатото, ексклузивни дизајнерски елементи и опрема инспирирана од легендарниот модел "280 GE", ја оживува целата магија на оваа култна теренска икона.


Само 460 примероци

Ова специјално издание претставува омаж на првата генерација на G-класата – моделот "W 460", кој во 1980-тите ги освои срцата со својата извонредна изведба, особено на тешки терени. Таа генерација ги постави темелите за долгорочниот успех и култниот статус на моделот, познат и како „Geländewagen“. Новата специјална едиција е лимитирана на само 460 примероци, што ја прави вистинска колекционерска реткост.

Две погонски варијанти

G-класата „Stronger than the 1980 s“ е достапна во две верзии:

• "G 450 d" со 367 коњски сили

• "G 500" со 449 коњски сили

Комбинира напредна технологија и современ комфор со неодолив ретро шарм од 1980-тите. Купувачите можат да изберат меѓу три боја: "Agav"e зелена, крем и "Colorado" беж – нијанси кои предизвикуваат носталгија и биле меѓу првите што ги краселе овој легендарен теренец.


Дизајнирана со почит кон традицијата

Во духот на традицијата, трепкачите се во типичната портокалова боја. За автентичен ретро изглед, предниот дел, решетката на ладилникот, браниците, проширувањата на крилата и куќиштата на страничните ретровизори се завршени во црна магно боја, која потсетува на робусниот изглед на оригиналната G-класа. Техничката заштита на подвозјето исто така е обложена во црна боја.


Деталите се на ниво

Дури и тркалата се специјално дизајнирани – возилото се движи на лесни алуминиумски фелни со пет краци. Ѕвездата на "Mercedes" на хаубата е инспирирана од историскиот амблем, со натпис "Mercedes-Benz" и ловоров венец на сина подлога. На задната врата се наоѓа оригиналниот елемент од 1980-тите – сребрената ознака со црн натпис на брендот. Посебно внимание е посветено и на капакот на резервното тркало, кој носи ретро дух.


Како што се очекува – со висока цена

"Mercedes-Benz G-класа" „Stronger than the 1980 s“ веќе може да се нарача, а почетната цена изнесува 160.055 евра.