Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години.
Обвини дека се работи за политички мотивирана пресуда и најави жалба до Апелацискиот суд.
„Навистина сум изненаден од пресудата. Без никакви докази, на 100 отсто докази на наша страна дека немаме сторено кривично дело, носат пресуда со која ме осудуваат на четири години со единствена казна затвор на три години и шест месеци“, изјави Јакимовски.
Во насока на делото, Јакимовски изјави дека е осуден за легализација на две бараки кои биле монтажно-демонтажни и направени од гипс-картон, во согласност со сите стандарди, додавајќи и дека дека за времени објекти не може да се води кривична постапка.
Рече и дека Обвинителството се послужило со фалсификат кој бил докажан со вештачење, но судот не го зел предвид.
Основниот кривичен суд Скопје денеска му досуди казна затвор од три и пол години на Јакимовски, во врска со градењето на административната зграда на Општината.