[ФОТО] "Kia" неочекувано претстави ривал на "Ford Ranger Raptor"

Супермен

25/04/2025

13:23

904

Големина на фонт

а а а

"Kia" на Саемот за автомобили во Сеул 2025 година го претстави концептот на својот нов пикап модел под името "Tasman Weekender" (WKNDR).

Овој модел нуди поцврст и поагресивен дизајн, со низа додатоци наменети за љубителите на оф-роуд возење.

Во споредба со стандардната верзија на "Tasman", "Kia WKNDR" се истакнува со проширени крила во боја на каросеријата, специјализирани браници со вградена витла и дополнително "LED" осветлување на кровот.


Камионетот доаѓа и со нови црни тркала и теренски гуми од 35 инчи, што укажува на засилен систем на суспензија.

Иако "Kia" сè уште не објавила технички податоци, се очекува "WKNDR" да ги задржи истите мотори како и стандардниот "Tasman" – 2,5-литарски турбобензинец и 2,2-литарски турбодизел. Опцијата со V6 мотор е отфрлена поради еколошките регулативи.


Карим Хабиб, потпретседател за дизајн во "Kia", изјави дека компанијата внимателно ги следи реакциите на пазарот пред да донесе одлука за сериско производство на овој модел. Тој додаде дека ваквите проширувања би можеле да станат дел од поширока линија на дополнителна опрема за "Tasman".



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk