Огромен и неочекуван пресврт: Анчелоти во последен момент го одбил Бразил, на маса има понуда која не се одбива!

Дерби

30/04/2025

09:00

1.273

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми два дена наназад пишуваа дека само потпис го дели Карло Анчелоти од селекторската функција во бразилската фудаблска репрезентација, но како што стојат работите во овој момент, на крајот до истиот воопшто нема да дојде.

Иако преговорите беа во напредна фаза и Реал Мадрид како клуб му дозволи да преговара со бразилската Конфедерација, популарниот Карлето на крајот самиот решил да ја одбие понудата на јужноамериканците, од едноставна причина што не може да го исполни првиот услов, односно да ја преземе селекцијата уште во јуни, но ниту вториот кој е поврзан со времетраење на договорот.

Оваа информација прв ја пренесе угледниот мадридски весник „АС“ кој има инсајдерски информации од Реал Мадрид како клуб, но истата вест беше надополнета и од „Марка“ која изнесе дополнителни детали и потенцира дека договорот доживеал колапс.


Респектабилниот медиум од шпанската престолнина вели дека Карло на крајот на џентлменски начин ги одбил „кариоките“ и се става на располагање да го води Реал Мадрид на Светското клупско првенство кое се игра во јуни, но истовремено, сериозно разгледува да прифати друга понуда која ја има на маса, а која всушност тешко се одбива.

Како што тврди „Марка“, Карлето добил страшна понуда од клуб од Саудиска Арабија според која би заработувал по 50 милиони евра по сезона, сума која без никаков сомнеж ќе го направи убедливо најплатен тренер во светот, но и воопшто во историјата на фудбалот.

Анчелоти допрва ќе треба да одлучува дали ќе се приклучи на големиот број ѕвезди кои заминаа на „печалба“ во Саудиска Арабија, но од друга страна пак, цврсто е решен дека втора година по ред ќе го одбие Бразил, откако претходно тоа го направи и на крајот на минатата сезона.