Младен Ѓуроски поднесе иницијатива за Вонредно изборно собрание во македонската кошаркарска Федерација и набрзо после тоа достави и претседателска кандидатура, па иако до пред една недела се чинеше дека тој ќе биде нов лидер на македонската кошарка, сепак дојде до промена во движењата.
Ѓуроски се очекува да има важна директорска функција во новата владеачка гарнитура на КФСМ, но нов претсеадател ќе биде долгогодишниот бизнисмен кој инвестира во македонската кошарка, искусниот Томица Главчев.
Тоа го потврди и самиот Перо Антиќ пред почетокот на Изборното собрание кое е закажано за денеска во 16:00 часот, а при обраќањето, досегашниот му посака многу среќа на новиот претседател на Федерацијата кој само ќе добие акламација во продолжение од денот.
– Ми претставува особена чест ни задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската Федерација која беше мојот дом во изминатите шест години.
– Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот претседател му посакувам среќа и успешна работа во години што следат, – му порача Антиќ на својот наследник.
АНТИЌ: ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА!
Денеска, (среда, 30. април 2025г.) во просториите...
Posted by Кошаркарска Федерација на Северна Македонија on Wednesday, April 30, 2025