Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Макфакс

03/05/2025

15:10

784

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.

Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.

Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.

„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.