Медведев: Ако има провокација на Денот на победата, нема гаранција дека Киев ќе го доживее 10 мај

A1ON.MK

03/05/2025

15:13

2.983

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата од Украина, „никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“, додавајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „го разбира тоа“.

Медведев ја опиша изјавата на Зеленски дека го отфрлил предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот на 8, 9 и 10 мај и дека „не може да ја гарантира безбедноста“ на светските лидери што присуствуваат на парадата во Москва како „вербална провокација и ништо повеќе“.

Тој во објава на својот Телеграм канал изјави дека Зеленски „разбира дека во случај на вистинска провокација на Денот на победата, никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“.


Претходно денес, Зеленски го отфрли предложеното тридневно примирје, наведувајќи дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

Зеленски повторно инсистираше на 30-дневен прекин на огнот и додаде дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.


Путин претходно предложи прекин на огнот по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, кој би траел од полноќ на 7 мај до полноќ на 11 мај.

Зеленски претходно го прифати предлогот на Путин за прекин на огнот за време на Велигден, но двете страни се обвинија меѓусебно за негово кршење.