Венгер за најавеното засилување за Реал: Така направија и со Мбапе

Дерби

08/05/2025

11:52

1.028

Големина на фонт

а а а

Арсен Венгер е едно големо и познато тренерско име, човек кој не е повеќе во фокусот, меѓутоа кога е во прашање фудбалот секогаш е тука да помогне, да даде совет, мислење, коментар за различни теми и прашања.

Во изминатиов период доста актуелна е одлуката на Трент Александер Арнолд да си замине од редовите на премиерлигашот Ливерпул, одлука која сам ја потврди со што дефинитивно се става крај на неговиот престој на „Енфилд Роуд“.

Која ќе биде наредната дестинација официјално останува да видиме, меѓутоа ќе биде големо изненадување ако тоа не е Реал Мадрид со оглед на сите најави, информации и вести кои ги „испукаа“ медиумите и новинарите во претходниве денови, па и месеци.

Венгер даде коментар за ова и смета дека Реал и во овој случај искористил позната тактика која се почесто се применува од нивна страна.

- Мислам дека трансферот на Трент покажува нов тренд во играта, повеќе нема трансфери на големи играчи. Сите си заминуваат на крајот од договорот. Платите се толку високи што повеќе не е можно да се платат трансферите. Реал Мадрид одамна го контактирал Александер-Арнолд. Големите клубови тоа го прават. Две години пред истекот на договорот, тие ќе ви кажат: „Сакаме да те потпишеме, ќе ти ја дадеме оваа плата и ќе се обидеме да му дадеме понуда на твојот клуб. Ако не успее, ќе се вратат следната година, а ако не, ќе те потпишат бесплатно. Тоа го направија со Мбапе, - вели Французинот.