Ал Наср го загуби дербито со Ал-Итихад, Роналдо им порача на соиграчите дека спијат

Дерби

08/05/2025

13:26

470

Големина на фонт

а а а

Ал Наср водеше со 2-0 во големото дерби против Ал-Итихад во Саудиска Арабија, но во вториот дел доживеа потоп и лидерот со три гола во вториот дел преку Бензема, Канте и Ауар дојде до 3-2 и значаен исчекор кон освојување на пехарот.

Ова е уште еден болен пораз за Ал Наср по оној од Кавасаки во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, а дека нешто не функционира говори реакцијата на Кристијано Роналдо кој не се прослави на соочувањето во Ријад.

Ветеранот по вториот примен гол на Ал Наср им порача на соиграчите дека спијат.