Ниту еден од играчите не го искористи отсуството на Јаник Синер и не успеа да дојде до првото место на АТП листата, ситуацијта во која најдобро позиционирани беа Карлос Алкарас и Александер Зверев.
Двајцата беа неконстатни со своите изданија, резултати и ќе мора да почекаат некоја нова можност да се искачат на врвот. Зверер признава дека не бил на посакуваното ниво, ама во исто време смета и дека се претерува со некои критики.
- Светски број еден? Би било убаво. Не знам, никогаш не сум бил таму. Верувам дека ќе стигнам до таму, но ќе видиме како ќе биде. Исто така мислам дека медиумите сакаат да ги „понижуваат“ играчите. Имав два лоши месеци пред Минхен, нели? Не играв баш добро пред Минхен. Одеднаш, како да сум најлошиот број два во историјата, дури и не заслужувам да бидам таму. Но, тука сум затоа што освоив турнири, затоа што имам резултати. Ранг листата не лаже, бодовите се добиваат за победи, за титули. Да, знам дека не играв според моите стандарди, - рече Германецот и додаде:
- Знам дека не играв онака како што сакав. Ама не и Карлос (Алкарас). И потоа го освои Монте Карло. Има периоди во кариерата на еден играч… Дали мислите дека Новак е задоволен од своите резултати? Дали е Карлос задоволен? Не сум задоволен од моите резултати. На крајот на краиштата, во големите натпревари и важните моменти, сè уште верувам дека најдобрите играчи ќе се издигнат на висина на задачата. И сè уште верувам дека ќе го пронајдам мојот тенис за овие најголеми турнири, - порача Зверев.