Пари Сен Жермен го одбрани домашниот терен и со нова победа (2-1) над Арсенал го грабна билетот за финалето на Лигата на шампионите.
„Светците“ со вкупни 3-1 одат во Минхен каде ќе ги одмерат силите со калчолигашот Интер. Ова за ПСЖ е второ финале во неговата историја и секако желбата, целта е сега резултатот да биде поинаков од оној пред неколку години во Лисабон.
Младиот Жоао уште еднаш многу работеше на средината на теренот и тој смета дека заслужено обезбедиле пласман во завршниот меч на турнирот што се игра на „Алијанц Арена“.
- Среќни сме што сме во финалето на Лигата на шампионите. Беше многу важно за нас да извојуваме победата и да се пласираме во финалето. Арсенал е многу добар состав, со многу одлични поединци, со одличен квалитет. Но, мислам дека бевме подобар тим.
- Ќе продолжиме вака. Ќе продолжиме да работиме напорно, ќе се држиме до планот на играта, мислам дека тоа е најдобриот начин за нас. Таков е нашиот фудбал, така победуваме. Имаме доволно самодоверба, - заклучи Португалецот.