[ВИДЕО] Познат е датумот на претставување на најтенкиот телефон на "Samsung" телефон

Точка

09/05/2025

10:35

942

Големина на фонт

а а а

Семејството на "Samsung Galaxy S25" телефони добива нов член.

Досега веќе имавме можност да ги видиме тизерите за елегантниот "Galaxy S25 Edge", но уредот сè уште не беше целосно откриен.

Среќна вест е што чекањето наскоро завршува – јужнокорејската компанија официјално потврди дека "Galaxy S25 Edge" ќе биде претставен на 13 мај по јужнокорејско време (на 12 мај навечер во САД). Во средноевропската временска зона, настанот ќе се одржи два часа по полноќ.

Во официјалната покана се наведува дека "Galaxy S25 Edge" е „повеќе од тенок телефон“, со „секој агол, контура и компонента“ што го отсликуваат „напредокот во прецизното инженерство за создавање премиум искуство достојно за S серијата“.

"Samsung" потенцира дека "S25 Edge" нуди врвно корисничко искуство кога станува збор за камерата, а веќе е потврдено дека ќе има главен сензор од 200 MP. Уредот ќе располага и со голем број на AI-функции, слични на оние што веќе ги гледавме кај другите модели од семејството "Galaxy S25".

Според претходни гласини, "Galaxy S25 Edge" ќе биде тенок само 5,85 милиметри – што ќе го направи најтенкиот "Samsung" телефон досега.

Се очекува дека ќе биде придвижуван од "Qualcomm Snapdragon 8 Gen Elite for Galaxy" чипсет, ќе има 6,7-инчен "AMOLED" дисплеј и батерија со капацитет од 3.900 mAh.