[ВИДЕО] Пол Сколс одамна најави кои ќе бидат финалистите во Лигата на шампионите – а еве кој тим ќе освои според легендарниот Англичанец

Точка

09/05/2025

11:15

944

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, уште еднаш се покажа како одличен прогнозер на исходите во Лигата на шампионите. Видео снимено пред четвртфиналните натпревари стана вирално откако беше познат расплетот на сезоната и финалистите на натпреварувањето. Да потсетиме, за трофејот ќе се борат Пари Сен Жермен и Интер – токму како што предвиде Сколс.

Во својата прогноза – од четвртфиналето па сè до финалето – направи само една грешка. Предвиде дека Реал Мадрид ќе го победи Арсенал и ќе се пласира во полуфиналето каде што ќе се сретне со ПСЖ, но наместо тоа, Арсенал беше тој што продолжи понатаму. Сè останато го погоди точно: најави дека Пари Сен Жермен ќе биде во полуфиналето, дека Барселона ќе ја совлада Борусија Дортмунд во четвртфиналето, како и дека Интер ќе биде подобар од Баерн Минхен.

Финалето ќе се одигра во Минхен

Бидејќи Сколс во својата прогноза го стави Реал во полуфинале наместо Арсенал, тој го прогнозираше исходот на мечот Реал – ПСЖ, при што предност му даде на францускиот тим и го постави како финалист. Во другото полуфинале, меѓу Барселона и Интер, најави дека италијанскиот тим ќе помине понатаму – што и се случи, по ремито 3:3 во Барселона и победата од 4:3 во Милано.

Финалето е закажано за 31 мај во Минхен, а според Сколс, трофејот наменет за победникот ќе го подигне Интер.