[ФОТО] Поради овој фустан принцот Вилијам повторно се вљубил: Струкиран, женствен и како кроен за неа, но не го носи првпат

Точка

09/05/2025

11:35

1.149

Големина на фонт

а а а

Модниот свет е согласен, Кејт Мидлтон не е само принцеза туку и вистинска владетелка на софистицираниот стил на којшто остана доследна.

Лондонски „Horse Guards Parade“ неделава беше епицентар на кралската елеганција и свеченост, по повод завршување и одбележување на 80-годишнината од Денот на победата во Европа кој традиционално го слави крајот на Втората светска војна.

По утринската служба за благодарност во Вестминстерската опатија, принцот и принцезата од Велс ја изненадиле јавноста појавувајќи се на вечерниот концерт и привлекле огромно внимание.


Особено внимание привлекла принцезата Кејт Мидлтон, чие беспрекорно модно издание уште еднаш потврдило зошто важи за икона на стилот.

Во морето костими и темни нијанси, Кејт заблескала во нежно бел фустан којшто модните критичари го препознале, станува збор за елегантната креација „Self-Portrait“ која веќе ја носела во 2022 година на прославата на Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

Нејзиното појавување овојпат било беспрекорно стилизирано и уште еднаш покажала како софистицираноста и одржливоста можат прекрасно да се вклопат.


Фустанот е комбинација од струкиран горен дел којшто со кројот потсетува на дамско сако, со елегантни копчиња и тенок појас кој дополнително ја истакнува фигурата на принцезата и лелеаво мини-здолниште кое внесува доза на женственост.

Здолништето го прави посебно чипката која дискретно се гледа, создавајќи романтичен контраст со струкираниот горен дел.

Овој спој на прецизен крој на материјали совршено го отсликува балансот меѓу класичната кралска елеганција и современиот сензибилитет.


Кејт оваа комбинација ја носела со бисерен ѓердан, бисерни обетки и црна панделка во косата, детаљ којшто дава дополнителна нота на грациозност.

Идната британска кралица ги воодушевила сите присутни, а не можело да помине незабележливо ниту воодушевувањето на принцот Вилијам.


Што мислите вие за ова модно издание на Кејт Мидлтон?