Пипо ги врати во Серија А, претседателот порачува: Инѕаги може да си замине само ако…

Дерби

09/05/2025

12:18

465

Големина на фонт

а а а

Филипо Пипо Инѕаги успеа со уште еден клуб да избори промоција во најсилната италијанска конкуренција или во случајов ја врати Пиза во Серија А по пауза од 34 години.

Некогашниот напаѓач на Јувентус, Милан и Парма создаде тим кој донесе резултат и голема радост за сите навивачи на овој клуб кој по повеќе од три децении ќе биде дел од елитната конкуренција на Апенините.

Пипо има договор до 2026 година и во таборот на Пиза немаат намера да се разделат со него без разлика на интересот од останатите тимови, односно исклучок може да биде само Манчестер Сити.

- Апсолутно, тој има долг договор. Очигледно, ако пристигне понуда од Манчестер Сити, ќе го пуштам да си замине, тоа изгледа сосема фер. Но, тој повторно го откри задоволството од успехот благодарение и на Пиза. Тој рече дека ова е една од најдобрите средини што некогаш ги искусил како тренер, а тоа е многу пријатно и за нас, - истакна Џузепе Корадо.

- Всушност, тој веќе две или три години нè контактираше сакајќи да дојде во Пиза, но ние не бевме подготвени за него. Интуицијата беше од мојот син Џовани кој го избра Инѕаги и го убеди да ризикува со млад состав, - додаде Корадо.