Халанд ја посочи главната причина за лошата сезона на Сити: Можеме да најдеме изговори, но…

Дерби

09/05/2025

12:23

309

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити има сезона под своите стандарди и нема ништо да го смени впечатокот, реалната слика дури и тие да обезбедат место во Лигата на шампионите и да го освојат трофејот во ФА Купот.

Тие одамна беа елиминирани од трката за двата најважни пехари, односно не беа конкурентни на Ливерпул во Премиер лигата, додека пак во елитното натпреварување едвај дојдоа до нокаут фазата каде беа преслушани од Реал Мадрид, тим кој се мачи во тековнава кампања.

Ова сигурно ќе биде добра лекција за „граѓаните“, а Ерлинг Халанд кој е еден од лидерите на групата директно ја посочи главната причина за падот на екипата.

- Секако, можете да најдете изговори, повреди, многу повреди во лоши времиња, но не бевме на посакуваното ниво. Го немавме гладот целосно во нас. Не бев доволно добар. Не му помогнав доволно на тимот. На крајот, не бевме доволно добри, - вели Халанд кој ја остава повредата зад себе и се надева дека ќе помогне во завршницата на кампањата.

- Беше ужасно да се повредиш, но што можеш да направиш? Мора да се опоравиш што е можно побрзо и да се вратиш што е можно поспособен. Сега се вратив со многу енергија. Се чувствувам добро и се движам добро и сум подготвен, - порача Норвежанецот.