Познати се детали од договорот: Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Реал

Дерби

09/05/2025

12:23

409

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти е на излезна врата од Реал Мадрид, тим кој дефинитивно ќе го напушти на крајот на тековнава кампања.

На „кралевите“ им преостанува само уште борбата за пехарот во Примера, меѓутоа што и да се случи дон Карло е минато и си заминува од Мадрид по крајот на натпреварувачката 2024/2025.

„Марка“ која секогаш добро е информирана за случувањата во клубот од „Бернабеу“ информира дека Анчелоти и клубот постигнале договор за разделба, а во исто време е познат и неговиот наследник-тоа е Чаби Алонсо. Алонсо е поранешен играч на „кралевите“, човек кој во новата средина ќе долета од Баер Леверкузен каде имаше одлични резултати и донесе пехари за тимот во Бундеслигата, Купот и Супер Купот на Германија.

Шпанецот кажал „ДА“ за тригодишна соработка која ќе ја започне по крајот на Светското клупско првенство на кое Реал би требало да биде воден од Сантијаго Солари.

Алонсо нема да има одврзани раце кога се во прашање засилувањата, односно ќе ја прифати стратегијата на клубот иако ќе може да даде предлози. Тимот нема ниту да биде драстично променет, да се прави реконострукција туку ќе се бара повеќе, најдоброто од играчи како Винисиус Жуниор, Белингам, Мбапе…

На „Бернабеу“ ќе пристигне Трент Александер Арнолд, а Чаби сака две засилувања, централен дефанзивец и освежување на средината на теренот, засилувања кои дефинитивно ќе бидат обезбедени.