Зеленски му одговори на Путин

Точка

11/05/2025

11:28

3.497

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли ултиматумот од лидерите на најмоќните европски земји и предложи директни мировни преговори со Украина на 15 мај во Истанбул.

Тој рече дека Русија предлага директни разговори со Украина во Истанбул во четврток, (15 мај), во обид да се „отстранат корените на конфликтот“ и „да се постигне обнова на долгорочен, траен мир“.


„Позитивен знак е што Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за завршување на војната. Целиот свет го чекаше ова многу долго време. А првиот вистински чекор кон вистинскиот крај на која било војна е прекин на огнот. Нема смисла да се продолжи со убивање ниту еден ден повеќе. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосно, трајно и сигурно – почнувајќи од утре, 12 мај, и Украина е подготвена за состанок“, му одговори Володимир Зеленски на Путин.


Инаку германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск вчера беа во Киев. Тие разговараа со Зеленски и телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, а украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го нарече разговорот „плоден“.


Тие му поставија ултиматум на Путин и го замолија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот кој би започнал во понеделник, 12 мај. Доколку одбие, рекоа тие, западните земји ќе испратат уште повеќе оружје во Украина и ќе воведат нови „масовни“ санкции врз Русија.