Дваесет години стара снимка стана вирална – Го препознавате ли овој навивач на бејзбол натпревар?

Точка

12/05/2025

19:30

1.218

Големина на фонт

а а а

Првиот американски папа, Лав XIV, е страстен навивач на "Чикаго Вајт Сокс". Снимка од 2005 година потврдува дека бил на трибините кога неговиот омилен клуб го освоил шампионскиот прстен.

Новиот папа Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, изненади многумина со својата страст кон бејзболот, особено кон тимот "Чикаго Вајт Сокс". Во јавноста неодамна се појави снимка од 2005 година која открива дека тогашниот бискуп бил присутен на натпреварот од Светската серија кога "Чикаго Вајт Сокс" ја совладале екипата на "Хјустон Астрос".

Роберт Францис Превост (69), како што се викаше пред изборот на последната конклава, пораснал во јужниот дел на Чикаго, каде развил силна љубов кон локалниот бејзбол клуб. Иако неговата мајка била навивач на градските ривали "Кабс", а татко му поддржувал "Сент Луис Кардиналс", младиот Превост останал верен на "Чикаго Вајт Сокс". Неговиот брат Џон раскажа како љубовта кон спортот ги обележала нивните детски години:

„Боб секогаш беше прв на игралиштето. Често ги гледавме натпреварите заедно, а кога "Вајт Сокс" ќе загубеа, тој беше тажен со денови. Никогаш, ама никогаш не навиваше за "Кабс" – тоа за него беше недозволиво.

На снимката од 2005 година може да се забележи тогашниот бискуп Превост како со голема тензија ја следи завршницата на мечот, додека Боби Џенкс ја носи победата со резултат 5-3.

„Тоа беше посебен момент. Боб седеше во прв ред, се молеше за победа и скокаше од радост кога Џенкс го заврши натпреварот. Дури и некои навивачи околу него беа изненадени кога видоа бискуп како толку страсно навива“, изјави Џон Превост.

Таа серија заврши со историски успех – прва титула на клубот по 88 години. Откако беше избран за папа, "Чикаго Кабс" побрзаа на социјалните мрежи да го прогласат за свој навивач, но неговиот брат брзо ја расчисти дилемата во интервју за "Chicago Tribune":

„Тоа беше смешно. Боб би се превртел во гроб … да не беше жив. Тој е човек кој со години ги чувал билетите од сите натпревари на "Чикаго Вајт Сокс". Додека беше во Перу, постојано бараше да му праќаме резултати и статистики. Дури и таму организираше заедничко гледање на важните мечеви со локалната заедница.

"Чикаго Вајт Сокс" веднаш реагираа на веста за „својот“ папа – му испратија дрес и капа во Ватикан. На нивниот стадион "Rate Field "беше прикажана порака за добредојде, нарекувајќи го „нашиот од јужната страна“.

Спортот отсекогаш играл важна улога во животот на Роберт Превост. Освен бејзболот, како поранешен студент на универзитетот "Villanova", со страст ги следел кошаркарите на неговиот факултет. Папата Лав XIV исто така ја обожува и тенисот, кој го играл рекреативно додека живеел во Перу – а ќе може да продолжи со тоа и во Ватикан, каде што има еден терен со земјена подлога внатре во ѕидините.