[ВИДЕО] „Посетив 100 земји, а само една целосно ме освои – еве зошто токму таа е број 1 во целиот свет“

Точка

12/05/2025

11:19

3.570

Големина на фонт

а а а

Габриел Морис, светски патник и автор на популарниот YouTube канал „Gabriel Traveler“ со повеќе од 600.000 следбеници, тврди дека Грција е најдобрата дестинација на планетата. Во едно неодамнешно видео, Морис ги сподели своите топ 10 омилени земји, а конкуренцијата беше жестока – Индија, Непал, Тајланд и Турција сите влегоа во потесниот круг.

Сепак, Грција го освои првото место благодарение на „неверојатните острови, кристално чистото море и некои од најубавите плажи во светот“. Морис објаснил дека ја сака Грција бидејќи таа е комбинација од сè – чувството, атмосферата, медитеранските острови со надреални пејзажи. Тој, исто така, додал дека, иако многумина претпочитаат тропски острови, него Грција го освоила од неколку причини:

„Времето е совршено – дожд речиси и да нема, па може да сметате на идеален ден за плажа. А кога ќе пристигнете, ќе ве пречекаат плажите со најчистата вода што сте ја виделе. Тоа е како да гледате низ стакло“, рекол овој светски патник.

Но, неговата љубов кон Грција не завршува тука – ја спомнал и фантастичната храна, грчката музика, леснотијата на патување меѓу островите и речиси целосното отсуство на досадни инсекти.

Интересно е и тоа што Морис посетил дури 59 грчки острови, а иако некои од нив изгледаат слично на видеата, во реалноста, вели тој, секој има свој уникатен карактер.

„Многу земји кои не завршија на оваа листа, исто така ми се допаѓаат. Тешко е да се направи список кога местата се толку различни и секое носи свои посебности“.


На второ место била Индија – и покрај проблемите со загадувањето, бучавата и отпадот.

„За мене, вистинската магија на Индија е надвор од големите градови. Моите омилени места се Ришикеш, Варанаси и, се разбира – Гоа, со своите магични плажи“.

Го истакнал и културното богатство на Индија: „Во земјата постојат 22 официјални јазици и илјадници дијалекти. Хиндуизам, ислам, христијанство, јудаизам, будизам … Секоја религија носи своја култура. Каде и да одите, имате чувство дека влегувате во сосема нов свет“.


За Морис, Индија е едно од најинтензивните и најразновидните места на планетата – особено за оние кои доаѓаат од Запад или од сосема различни култури како Тајланд, Јапонија или Латинска Америка.