[ФОТО] Најпосакуваната дестинација за лето 2025: Туристите масовно ја посетуваат – Дури и Шпанија ја симна од тронот

Точка

12/05/2025

16:18

1.445

Големина на фонт

а а а

Најпосакуваната дестинација за ова лето можеби ќе ве изненади и вас.

Доколку ова лето планирате патување во Европа, Франција, Италија и Шпанија веројатно се на врвот на вашата листа на желби, и тоа со добра причина. Тешко е да се одолее на шармот на француските села на Азурниот брег, сладоледот од лимон во камените гратчиња на Тоскана или сончањето на плажите на Мајорка. Сепак, Европа има многу повеќе да понуди.

Всушност, најпосакуваната летна дестинација оваа година не е ниту една од „големата тројка“. Станува збир за многу помала земја и веројатно ќе бидете изненадени кога ќе слушнете дека е поврзана со Соединетите Американски Држави благодарение на првата дама на Америка. Сместена помеѓу Алпите и Медитеранот, Словенија не е само татковина на Меланија Трамп.


Според податоците од агенцијата „Виртуозо“, специјализирана за следење на туристичките трендови, Словенија е дестинацијата со најголем раст на интересот за посета во Европа за летото 2025 година. Имено бројот на резервации се зголемил за неверојатни 473 отсто во споредба со минатата година, повеќе отколку во која било друга земја на континентот.

Ако претходно не сте помислиле на Словенија, можеби се прашувате зошто туристите масовно ја посетуваат и го поминуваат својот одмор во оваа земја, покрај толку многу други познати места. Па, дозволете нѝ да ве запознаеме со еден од најпотценетите бисери на Европа, и тоа исклучително разновиден:

Бајковита престолнина замрзната во времето

Иако често непрепознаена, Љубљана е веројатно една од најубавите престолнини во Европа. Додека шетате низ стариот град, искачувајќи се по ридот до замокот, преку Змејскиот мост и пазарот на отворено, ќе се вљубите во нејзиниот шарм.



За љубителите на природата тука е паркот Тиволи, пространа зелена оаза во срцето на градот. А доколку сакате добра храна, не ги пропуштајте малите ресторани со локални специјалитети како што се штрукљи и чорби, по прифатливи цени. И токму тоа е уште една предност на Љубљана: град со прифатливи цени за одмор. Според „Booking.com“, ноќевањето во пансионите во Стариот град започнува 30 евра за две лица.

Најфотогеничното алпско езеро во Европа

Ова е разгледница што ја симболизира цела Словенија – мала црква на остров во средината на езеро, опкружена со шуми и планински врвови. Запознајте го Блед:



Опуштен град во Јулиските Алпи, совршен за оние кои сакаат мешавина од култура и природа, од кајакарење, до искачување до Бледскиот замок, кој се издига над магичниот пејзаж. Друга атракција е планинарската патека долга 6 километри околу езерото, идеална за лежерна прошетка со поглед на стари чамци и планински врвови во далечината. Блед е совршена дестинација за релаксација.

Мала Швајцарија што сè уште не сте ја откриле

Блед е најпознатото езеро во Словенија, но целата земја е исполнета со прекрасни алпски пејзажи, толку многу што многумина го гледаат како прифатлива алтернатива на Швајцарија.



Можете да пешачите во Националниот парк Триглав, каде што се издига највисокиот врв во Словенија, планината Триглав (2.864 метри), да ги истражите тиркизните клисури и зелените долини „Соча“ или да се релаксирате во термалните центри на Крањска Гора.

Словенија е исто така на Медитеранот?

Да, постои уште една страна на Словенија за која можеби не сте знаеле и верувајте нѝ, ова е шлагот на тортата. Иако има само 47 километри крајбрежје Словенија се наоѓа на Медитеранот. Нејзиниот брег е полн со антички пристаништа од римската и венецијанската ера, со камчести плажи заплискани од топлото Јадранско Море.


Инаку Копер е вистински бисер, како Дубровник пред масовниот туризам – мирен, автентичен и зачудувачки убав. Во Изола ве очекува рибарско гратче со зачувано старо јадро и пристаниште полно со јахти, додека Порторож е словенечкиот Сен Тропе, познат по својата широка плажа, ноќен живот и жив летен ритам.



Ѕвездата на брегот е Пиран, далечен роднина на Венеција, не поради каналите, туку поради шарените фасади.