Јувентус парично ќе го „олесни“ фудбалерот кој го остави тимот на цедило

Дерби

12/05/2025

14:43

1.194

Големина на фонт

а а а

Јувентус остана без победа на „Олимпико“ во самата завршница и прими гол во 96-та минута, сето тоа откако повеќе од половина час грчевито се бранеше со голманот Ди Грегорио и девет играчи во поле.

Тимот од Торино поведе против Лацио на стартот на вториот дел со голот на Рандал Коло Муани, но во ситуација кога работите изгледаа добро за Јувентус, крајно непромислен потег направи Пјер Калулу.

Дефанзивецот на Јувентус доби директен црвен картон за удирање противнички фудбалер (Кастелјанос) и беше испратен на предвремено туширање по проверката на ВАР, а тоа направи Игор Тудор двапати да биде оставен на цедило од фудбалер на последните три меча.

Поради агресивен испад, Кенан Јилдиз заработи суспензија од два меча и не можеше да му помогне на Јувентус против Болоња и Лацио, а сега истото го чека и Калулу за кого сезоната завршува.

Стоперот нема да може да им помогне на соиграчите во завршните две кола кога тимот ќе брка пласман во Лигата на шампиони, но како што имформира „Газета“, казната од дисциплинците нема да биде единствената која ќе ја добие стоперот.

Јувентус решил интерно да го казни фудбалерот кој направи непромислен потег на клучен натпревар, па проценките се дека Калулу ќе биде казнет со одземање на 50 или 60 илјади евра од неговата редовна плата.