[ФОТО] Сите светски принцези не ѝ се „ниту до колена“: Фаталната Русинка ја покажа својата друга страна

Точка

14/05/2025

14:18

1.580

Големина на фонт

а а а

Манекенката Ирина Шајк синоќа се појави на Канскиот филмски фестивал и слободно може да се каже дека ги маѓепса сите присутни со нејзиниот моден избор.

За разлика од минатогодишната скандалозната креација, овогодишната е олицетворение на чиста елеганција и женственост.



Имено убавата Русинка за оваа посебна пригода носеше црн фустан со точки, пуф ракави и долги ракавици. Креацијата го носи потписот на италијанската модна куќа Армани, а Ирина изгледаше како вистинска принцеза во фустанот.


Таа го надополни стајлингот со впечатливи обетки, едноставна шминка и невообичаена фризура која ги истакна нејзините природни црти на лицето.



Треба да се спомене дека ова е една од ретките можности да ја видиме Ирина во гламурозен фустан. За вакви настани, таа обично избира креации кои ја шокираат јавноста, но сега ја покажа и својата друга страна. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk