Поинакви миленичиња: Уште едно куче-робот

Супермен

15/05/2025

13:21

202

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека на луѓето им здодеаја обичните животни, па создаваат роботи што одат на четири нозе. Роботот "Spot" веќе е добро познат, а сега се појави уште една слична машина: "Unitree Go2 Pro" кучето-робот.

Новото машинско куче е засилено со вештачка интелигенција, благодарение на која подобро ги препознава и избегнува пречките, одржува рамнотежа на сложени терени, влегува во интеракции со други суштества, па дури и со вистински кучиња. Барем така треба да биде.

Во реалноста, вистината понекогаш се разликува од очекувањата. Роботот е подложен на бројни тестови, а оној со пречките не го помина целосно. Добрата вест е што изгледа симпатично додека прави грешки. На крајот сепак стигна до целта, што е импресивно речиси колку и неговиот изглед додека чекори по улица – како да е излезен од некој филм.

"Unitree Go2 Pro" роботот користи вештачка интелигенција за да ги планира движењата, па веќе успева да се качува по скали. Може да се контролира преку паметен телефон, далечински управувач и мини контролер кој служи и како уред што роботот го следи.

Вистинските, живи кучиња реагираат на овој робот, а кај некои дури предизвикува и нервоза. Едно е сигурно – роботите што личат на кучиња веќе се присутни, а нивното постоење не е ограничено со животен век. Тоа не мора да значи дека е добро – затоа што, меѓу другото, токму загубите се тие што нè обликуваат во животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk