[ФОТО] "BMW" ја симна камуфлажата од идниот "M3"

Точка

15/05/2025

17:13

876

Големина на фонт

а а а

"BMW" на саемот за автомобили во Шангај ја претстави новата верзија на концептот "Vision Driving Experience" – еволуција на оригиналниот "Vision Neue Klasse". Иако официјално не станува збор за електричниот "M3", јасно е дека овој автомобил ја покажува наоката во кој се движи иднината на спортските електрични возила.

Ова е првпат автомобилот да се прикаже без камуфлажна фолија. Затоа е тука и специјалната светлечка боја, која се полни на дневна светлина и свети во мракот. Дополнително, присутен е и УВ-реактивен слој за поголема визуелна драматика, како и фелни кои, благодарение на технологијата на светлосно чувствителни пигменти, светат во ноќни услови.


Дизајнерски, концептот дели многу елементи со претходниот "Vision Neue Klasse", но овојпат со поагресивни браници и активна аеродинамика. Внимание привлекуваат и фелните кои ја менуваат бојата: стануваат зелени при забрзување, сини при регенерација на енергија и портокалови при сопирање.

Во срцето на концептот е сместен т.н. „Heart of Joy“ – напреден софтверски систем кој управува со динамиката на возење, сопирањето, регенерацијата на енергија и управувањето. Овој систем ќе биде интегриран во сите идни електрични модели на BMW од "Neue Klasse" серијата, вклучувајќи ги и оние од спортскиот M оддел.


Перформанси како болид од Ф1

Но, она што предизвика најмногу реакции е податокот за вртежниот момент – неверојатни 17.990 Nm. Иако оваа бројка звучи речиси нереално, "BMW" ја наведува со самодоверба. Благодарение на активната аеродинамика, автомобилот создава потисна сила до 1,2 тони и бочна сила до 3 g, што е споредливо со болид од Формула 1.

За време на "BMW Brand Night" вечерта, професионалните возачи Јенс Клингман и Елиас Хунтонџи демонстрираа дел од способностите на концептот при возење под ноќни светла. Со погон на четири мотори и систем за распределба на вртежниот момент, автомобилот прикажа импресивни можности за маневрирање.


40 новитети до 2027 година

Иако "Vision Driving Experience" е развоен концепт и не е предвиден за сериско производство, неговиот дизајн и технологија ќе послужат како основа за идните модели.

"BMW" до 2027 година планира да лансира повеќе од 40 нови и освежени модели, а прв меѓу нив ќе биде целосно електричниот "SUV iX3", чие производство се очекува до крајот на годинава во фабриката во Дебрецен, соседна Унгарија. Година подоцна пристигнува и електричната лимузина, која најверојатно ќе го носи ознаката "i3", позиционирана како електрична алтернатива на серијата 3.

За љубителите на спортски лимузини, ова значи дека доаѓањето на електричниот "M3" – или нешто слично – е сè поизвесно.