Варди си заминува од Лестер, ама не оди во пензија: Моите нозе се во ред

Дерби

16/05/2025

11:31

176

Големина на фонт

а а а

Џејми Варди ја игра последната сезона во дресот на Лестер Сити, клуб во кој настапува уште од 2012 година, клуб во кој ги доживеа најубавите моменти во кариерата, стана англиски шампион и играше во Лигата на шампионите.

Меѓутоа секоја приказна има свој почеток и крај, Варди веќе има 38 години и по повеќе од една деценија доаѓа до разделба меѓу напаѓачот и „лисиците“. Последниот домашен меч како играч на Лестер ќе го има викендов против Ипсвич Таун, па се очекува да има и доста емоции.

- Можеш да разговарате со моето семејство и сите ќе речат дека сум без емоции. Можеби ќе биде така на крајот од натпреварот или што и да е, но додека тоа не се случи, буквално сум фокусиран само на натпреварот. Немате шанса да се осврнете на тоа. Станува збор за тоа да ја завршите сезоната со моментум за да ја започнете следната сезона, - вели поранешниот англиски репрезентативец кој не размислува за заминување во пензија.

- Немам сомнежи, ама тоа сум само јас. Фудбалот е луд свет. Никогаш не знаеш што ќе се случи. Ќе продолжам сè додека нозете не ми кажат дека треба да престанам. Нозете ми се добро, - порача Варди.