Барселона го победи градскиот ривал Еспањол (2-0) и со тоа официјално го направи завршниот исчекор кон обезбедување на пехарот во шпанската Примера, титула број 28. за клубот од „Камп Ноу“.
Шампионот двата гола ги постигна во вториот дел преку Ламин Јамал и Фермин Лопез, а домаќините натпреварот го завршија и со играч помалку откако Леандро Кабрера заработи директен црвен картон во 80 минута.
Тој го удри Ламал и откако Сото Градо беше повикан од ВАР собата и сам ја прегледа снимката, го испрати Кабрера предвреме во соблекувалната.
Тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалес имаше што да каже за одлуката, а притоа одлучи и да го испровоцира градскиот ривал.
- Го уништуваме фудбалот. Тој нема сила да му наштети или да го повреди. Да паднеш на земја вака, мора да го правиш тоа добро. Веќе знаеме дека темата за театарот е добро обработена таму (во Барселона) – не само сега, туку со години. Тоа може да се избегне, но ниту да паднеш на земја, ниту да бидеш исфрлен или агресивен. Му реков дека скокнал, ништо повеќе, и да престане да се фрла и да провоцира, - рече Гонзалес на што доби реакција од Жерард Пике на социјалните мрежи.
- Другата страна? Извини, ама го напуштивте градот пред многу години. Барселона е Блауграна. Голема прегратка, - напиша легендата на Барса.
Altra banda de la Diagonal? 😂 Perdona, però fa anys que vau marxar de la ciutat. Barcelona és blaugrana. Una forta abraçada.
— Gerard Piqué (@3gerardpique) May 15, 2025