УФЦ шампион, поранешен фудбалски хулиган, одби меч на „УФЦ 317“ бидејќи морал – да учи!

Точка

16/05/2025

18:38

660

Големина на фонт

а а а

Претседателот на "UFC", Дејна Вајт, ги потврди борбите за спектакуларниот настан "UFC 317", кој ќе се одржи во рамки на престижната "International Fight Week". Главна борба на вечерта ќе биде мечот за титулата во лесна категорија помеѓу Илија Топурија и Чарлс Оливеира, а целата боречка карта е исполнета со познати имиња и атрактивни двобои.

Сепак, едно од омилените имиња кај публиката – Јиржи Прохазка – нема да биде дел од овој спектакл.

Прохазка, поранешен шампион и моментално второрангиран предизвикувач во полутешка категорија, одлучи да се повлече од настапот на "UFC 317" поради сосема необична, но и достојна причина – сака да ги положи испитите!


Чешкиот борец веќе има дипломирано на студии за безбедност, а сега е магистранд на Факултетот за спортски науки. Како што вели самиот, обврските на факултетот се натрупале, а летото носи испитни рокови кои бараат целосна посветеност.

„Во моментов немам време да се подготвувам за борба на највисоко ниво. Целосно сум фокусиран на завршување на студиите и полагање испити“, изјави Прохазка за "Sport.cz".


Тој потврди дека се планира да се врати во октагонот во август или септември, но дури откако ќе ги заврши сите академски обврски.

Несомнено е дека "UFC" фановите ќе бидат разочарани што нема да го гледаат еден од највозбудливите борци на денешницата – чиј стил секогаш носи акција, адреналин и пресврти. Но фактот што еден шампион како Јиржи Прохазка не го запоставува своето образование и гради кариера надвор од спортот, заслужува апсолутна почит.