Лорен Санчез, новинарка и свршеница на Џеф Безос, неодамна го посети градот на љубовта за да организира моминска забава.
На скапата прослава присуствувале најблиските пријателки на Лорен – 13 од нив, кои, како што рече таа, секогаш биле покрај неа.
„Атмосферата беше многу опуштена и беше како париска забава“, изјавил извор за списанието „Пипл“, додавајќи дека на забавата имало 13 жени.
Инаку Санчез објави фотографии од прославата на нејзиниот Инстаграм профил, на кои може да се видат познатите ѕвезди кои го сочинуваат кругот на блиски пријателки на убавата свршеница на Безос.
На фотографијата можат да се забележат пејачката Кејти Пери, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер, како и актерката Ева Лонгорија.
Инаку идната невеста им упати трогателни зборови на своите пријателки:
„Засекогаш започнува со пријателството, окружена со жени кои ме воздигнуваа, ми го осветлија патот во темни времиња и ми го обликуваа срцето“, рече таа.
Потоа се огласија и многубројните обожаватели на Лорен.
„Со среќа, Лорен“, „Вау, навистина сте убави“, „Тоа се вика женска моќ!“, беа само дел од коментарите.