Од женски агол: Понежниот пол објасни колку долго треба да трае сексот со предигра

Точка

17/05/2025

21:02

3.477

Големина на фонт

а а а

Не постои тој еден магичен број што може да се однесува на сите луѓе кога ќе им го поставите прашањето „колку долго треба да трае сексот“, но подолго обично се поврзува со подобро. Дали е тоа така и што велат жените?

Во студијата, објавена од „Журнал од секшуал медисин“, сексуалните терапевти биле прашани колку долго треба да трае сексот. Тие имале четири категории – доволно, прекратко, предолго и пожелно. Мнозинството оцени дека 1-2 минути пенетративен секс е прекраток, а 10-30 минути е предолг. Според нив, 3-7 минути се доволни, а 7-13 минути се посакувани.


Потоа ги прашале жените колку долго би сакале да трае нивниот однос. Повеќето рекле дека сакаат да имаат предигра, која ќе трае од 11 до 13 минути, а потоа да имаат и сексуален однос со пенетрација, кој ќе трае од 14 до 16 минути. Кога ќе ја соберете минутажата, сексот со предигра треба да трае од 25 до 30 минути.

Се покажало дека луѓето постојано велат дека сакаат нивниот секс да трае подолго отколку што всушност се случува. Истражувањата велат и дека просечното времетраење е помеѓу пет и осум минути без предигра.


Во една анкета на Твитер било поставено прашањето: „Дали некогаш ви е здодевно за време на пенетрацијата и само сакате да заврши што е можно поскоро?“. Дури 82 отсто од 819-те луѓе кои учествувале рекле „да“. Тешко е да се прифати, но веројатно тоа значи дека вие или личноста со која сте биле во одреден момент сте размислувале за регистрација на автомобилот или за следната боја на лак за нокти. Друга анкета на Твитер со 2.380 учесници покажала дека 61 отсто сакале пенетрацијата да трае 5-10 минути, а 26 отсто сакале да трае подолго од 11 минути. Жените дефинитивно мислат дека подолгата пенетрација не значи подобар секс, па тоа укажува дека мажите треба да се опуштат и да престанат да ја замислуваат својата баба како игра кошарка за да спречат брз крај. Наместо