[ВИДЕО] Има 70 години и секојдневно бос се качува по карпа висока 250 метри: Она што таму го пречекува претставува вистинско чудо

Точка

19/05/2025

11:16

2.669

Големина на фонт

а а а

Замислете дека вашата утринска рутина вклучува искачување на карпа висока 250 метри, а притоа имате 70 години. Тоа е приказната на свештеникот Гебре Руфаел.

Абуна Јемата Гух, позната и како „капела на небото“, била врежана во карпа уште во 5 век и се наоѓа во планините Гералта во регионот Тиграј во Етиопија. Таму богослужбите сè уште се одржуваат, а мештаните секоја недела се искачуваат по карпата за да присуствуваат на молитви, ритуали или за да се крстат.


Овој свештеник преминува опасен пат за да ги отвори вратите на капелата и како што изјави вели „никогаш не се плаши“, и додаде дека никогаш немало ниту еден инцидент или несреќа на овој необезбеден пат до светилиштето.



Инаку внатре во капелата се наоѓаат ѕидови насликани со икони со помош на животинска крв, лој и земја, како и Библија стара 500 години!