"Samsung" воведува нова технологија за батерии и решава голем проблем кај телефоните

Супермен

19/05/2025

14:16

1.415

Големина на фонт

а а а

Новата "SUS CAN" батерија на "Samsung" ветува поголем капацитет, побрзо полнење и елиминација на проблемот со „надувување“ на батеријата

"Samsung" со години се соочува со критики за бавниот напредок во областа на батериите и брзината на полнење кај своите телефони. Сепак, според нов извештај од Јужна Кореја, компанијата е подготвена да усвои нова технологија која би можела значително да ги подобри перформансите на батериите во идните "Galaxy" уреди.

"SUS CAN" батериската технологија доаѓа во "Samsung" телефоните

"Samsung" планира да ја вгради "SUS CAN" (Steel Use Stainless) технологијата во следните модели на телефони. За разлика од силициум-карбонската (SiC) технологија која сè почесто се користи кај кинеските производители, "Samsung" се одлучува за не’рѓосувачки челик како материјал за куќиштето на батеријата. Оваа технологија носи три клучни предности: поголем енергетски капацитет, побрзо полнење и решение за чест проблем со надување на батериите кај "Galaxy" уредите.

Интересно е што "Apple" веќе користи "SUS CAN" батерии, почнувајќи од моделот "iPhone 16 Pro Max". Очигледно е дека "Samsung" го следи истиот тренд, особено поради новите регулативи на Европската Унија кои бараат полесна поправка на мобилните уреди, вклучително и поедноставена замена на батеријата.

Предности на "SUS CAN' технологијата:

• Поголем капацитет: Зголемената густина на енергија овозможува вградување на поголеми батерии без да се зголемат физичките димензии на телефонот.

• Побрзо полнење: Новата структура на батеријата дозволува поефикасен проток на струја.

• Без надување: Употребата на не’рѓосувачки челик ја зголемува стабилноста и го намалува ризикот од физичка деформација при долготрајна употреба.

• Полесна замена: Посилното куќиште овозможува модуларен дизајн и побрзо сервисирање.

Иако сè уште не е официјално потврдено кога "Samsung" ќе почне со имплементација на оваа технологија, се очекува нејзината премиера да биде во серијата "Galaxy S26", која е планирана за почетокот на следната година. Претходни извештаи сугерираат дека "Galaxy S26 Ultra" би можел да има батерија од 5.500 mAh, што би бил значаен напредок во однос на досегашните капацитети.

Доколку тоа се оствари, "Samsung" конечно би можел да го реши еден од најчесто критикуваните аспекти на своите "Galaxy" уреди, пишува "Sammobile".


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk