Германската манекенка и телевизиска ѕвезда Хајди Клум уште еднаш успеа да стане една од најкоментираните личности на Канскиот филмски фестивал. За време на престојот на Француската ривиера, каде што присуствува на 79-от Филмски фестивал во Кан, фотографите ја уловија на балконот од луксузен хотел во провокативна долна облека, целосно опуштена и сигурна во себе.
Познато е дека Хајди никогаш не бегала од провокативни модни избори, но овојпат дополнително внимание привлече фактот што во Кан ѝ се придружи и сопругот, музичарот Том Каулиц. Двајцата важат за еден од највпечатливите парови на јавната сцена, а Хајди уште еднаш покажа дека и понатаму ужива да ги поместува границите кога станува збор за модата.

Нејзиното појавување на балконот од хотелот веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, особено поради фактот што славната Германка има 52 години и сè уште изгледа како без проблем да може да застане рамо до рамо со многу помлади манекенки.
Ова не е првпат Клум да привлекува внимание со смело појавување во јавноста. Во текот на кариерата долга повеќе од три децении често избира провокативни модни комбинации, особено на црвените теписи на големи настани. Нејзините фустани најчесто ја истакнуваат фигурата, длабоките деколтеа и смелите кроеви, поради што редовно завршува на листите на најдобро, но и најпровокативно облечени ѕвезди на вечерта.

Сепак, зад нејзиниот изглед не се кријат само генетиката и гламурот. Хајди повеќепати зборуваше за тоа колку внимава на начинот на живот, исхраната и физичката активност.

Како што претходно откри, се труди да јаде едноставно и здраво, избегнува доцни оброци и внимава нејзиното секојдневие да биде што поактивно.

„Се трудам да јадам здрава храна и главно избирам варени јадења. Вечера никогаш не јадам доцна. Сакам да бидам во форма, затоа редовно тренирам и се трудам да ја одржувам кондицијата“, изјави своевремено.

Многумина токму во таа дисциплина ја гледаат причината поради која Хајди и денес изгледа речиси исто како во периодот кога беше една од најпознатите светски супермодели. Нејзината енергија, самодоверба и подготвеност да носи што сака без оглед на годините често предизвикуваат бројни реакции, но едно е сигурно — Хајди Клум и понатаму знае како да биде во центарот на вниманието каде и да се појави.




