[ВИДЕО] Автобус полн со деца удри во камион во Италија: камерите го снимија судирот

Макфакс

20/05/2025

12:26

363

Големина на фонт

а а а

Автобус што превезувал ученици удрил во камион на автопатот Педемонтана, во областа Комо. Камерите на автопатот го снимија судирот, каде возачот на автобусот не закочи, туку удрил во камионот пред него. 43-годишна наставничка починала на самото место, додека две деца биле повредени.

Камерите инсталирани по должината на автопатот ја снимија несреќата што се случи попладнето, во понеделникот, 19 мај, непосредно пред тунел. Автобусот, кој превезувал 30 лица, од непознати причини удрил во камионот пред него.

Во судирот потоа учествувале уште четири возила кои се движеле во иста насока. Во несреќата беа повредени 27 деца, на возраст меѓу 6 и 9 години, кои биле во автобусот, двајца наставници (од кои едниот починал на лице место) и возачот на автобусот. Возачот на камионот кој бил прв во редот остана неповреден.

На видео објавено од „Кориере дела Сера“, може да се види бел автобус како вози со голема брзина по десната лента од автопатот кога околу 16:30 часот, наместо да закочи, удира во камион пред него. Судирот бил силен и предизвикал облак од прашина што дополнително ја намалил видливоста на возилата што доаѓаат од спротивната насока.

Автобусот превезувал 27 ученици од прво и четврто одделение од основно училиште. Децата се враќале дома од екскурзија, придружувани од две наставнички. Едната од нив, 43-годишна, седела во првите редови и била заробен во возилото. Пожарникарите ја извлекле, но таа веќе била мртва.