Еден ден по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната мора да заврши со преговори, но со реални и јасни предлози.
„Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за да ја продолжи војната и окупацијата“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
Тој додаде дека Украина работи со партнерите за да го зголеми притисокот врз Москва.
„Санкциите се важни и благодарен сум на сите што ги прават поопипливи за оние кои ја започнаа војната“, вели Зеленски.
Тој повтори дека Украина е „подготвена за сите ефективни формати на преговори“, но и предупреди дека ако Русија продолжи да поставува нереални услови, мора да следат сурови последици.