Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен

Макфакс

20/05/2025

13:17

131

Големина на фонт

а а а

Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши. Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме. Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за Дубаи? Дали има бизнис со Заев во Дубаи? Дали има нострифицирана диплома или можеби над 500 илјади долари“, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на модуларната болница, дали Филипче е задоволен од пресудата? Како ги коментира смешните пресуди од 1,5 година на екс директорите? Дали судиите кои ја донесоа пресудата, станале судии со негов амин? Дали Филипче е изземен од случајот? Дали Филипче е заштитен? Дали тоа што Филипче беше министер го штити и ги пушти низ вода двајцата екс директори? Дали Филипче имал влијаено на пресудата“.

Филипче, додава тој, е обичен лажго и манипулатор.

„Него не го интересираат граѓаните, туку бизнисот и профитите. Филипче молчи и се крие кога ќе биде повикан во јавност.

Филипче доста е молк. Време е за одговори“, истакнува Манасиевски.