Министерството за внатрешни работи известува дека на 21.05.2025 (среда), во периодот од 09 до 12 часот заради изведување на технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.