Аморим со брутална изјава понуди заминување од Јунајтед по болниот пораз во финалето

Дерби

22/05/2025

11:13

120

Големина на фонт

а а а

Поразот од Тотенхем во големото финале во Лигата на Европа ја потврди убедливо најлошата сезона за Манчестер Јунајтед во последните пет децении, а тоа дефинитивно е најава дека ќе има огромни промени на „Олд Трафорд“ ова лето.

Трофејот во второто европско натпреварување можеше да биде добра утеха за навивачите поради директниот пласман во Лигата на шампиони, но во ситуација кога Јунајтед губи и огромни финансиски средства поради поразот од Тотенхем, Рубен Аморим како најодговорен за неуспехот понуди да ја достави и својата оставка.

Повеќе од очигледно, Португалецот беше огорчен по минималниот пораз од Тотенхем со резултат 1:0, па јавно порача дека е подготвен да си оди без компензација ако водечките луѓе го гледаат проблемот во него.

– Во вакви тешки моменти, не можам да се бранам себеси. Едноставно не можам да го правам тоа, ова е навистина тешко за прифаќање. Немам што да им понудам на фановите, немам аргументи да кажам дека ќе бидеме подобри.

– Во овој момент сè се сведува на верба, да видиме што ќе се случи. Секогаш сум отворен за сè, ако Управниот одбор и фановите сметаат дека јас не сум вистинскиот човек, ќе си отидам уште утре без компензација и без посериозни разговори. Ако се прашувам лично, јас нема да дадам отказ, уверен сум дека сум подготвен за оваа работа. Уверен сум дека можам да ја вршам оваа работа во Јунајтед. Бевме подобар тим на теренот, но не успеавме да постигнеме гол, а во такви ситуации, невозможно е да победите на фудбалски меч, – изјави Аморим.