Уште едно познато име кандидат за нов тренер на Милан

Дерби

22/05/2025

11:18

288

Големина на фонт

а а а

Милан има сезона под очекувањата, сезона во која единствената светла точка е освоениот пехар во италијанскиот Супер Куп.

Меѓутоа клубот останува без Европа во кампањата 2025/2026, а тоа дефинитивно носи проблеми, главоболки на финансиски план и ќе биде интересно да се види каков ќе биде составит за наредната година, односно кои од сегашните играчи ќе си заминат.

Веќе некое време се најавува дека „росонерите“ ќе добија и нов тренер, наследник на Сержо Консеисао кој ќе си замине по последната рунда во Серија А.

Медиумите веќе некое време пишуваат за опцијата Масимилијано Алегри, се говори и за можниот ангажман на Винченцо Италијано кој е под договор со Болоња за да „Скај Спорт Италија“ излезе со вест за уште едно име и тоа е Тијаго Мота.

Мота не се прослави во Јувентус, издржа само 42 натпревари на кои донесе само 18 победи што донесе реакција од калчолигашот за отказ на стратегот. Претходно Тијаго имаше добри резултати со Болоња и останува да се види дали Милан би ризикувал и би му ја дал довербата на Мота да го враќа клубот при врвот на италијанскиот фудбал.