Шеј ја доби МВП наградата, па се расплака: Ти благодарам за сè што си…

Дерби

22/05/2025

11:21

230

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар и официјално го доби најважното признание во НБА лигата, наградата за најкорисен играч во оваа сезона.

Шеј водеше жестока битка со Никола Јокиќ, меѓутоа на крајот пресуди фактот дека неговиот тим е подобропласиран, одигра на повисоко ниво, а тој беше вистински лидер на теренот. Канаѓанецот беше емотивен и не можеше да ги задржи солзите при говорот, говор кој го посвети на неговата сопруга Хејли Самерс.

- Ти благодарам за сè што си, за мене, за нашиот син, Арес. Ти беше првата личност што ми покажа што официјално значи љубовта, што навистина значи жртвата и едвај чекам да го поминам остатокот од ова патување наречено живот со тебе, ти благодарам за сè.

- Не би бил човекот што сум, не би бил играчот што сум, не би бил таткото што сум без тебе. Ти благодарам за тоа. Не мислам дека се става доволно акцент на тоа колку работите надвор од теренот влијаат на самиот терен. Кога станав подобар надвор од теренот, мојата кариера почна да расте. Тоа не е случајност, - рече Шеј кој им се заблагодари и на соиграчите.

- Не можам доволно да опишам колку многу ми значите, не само како кошаркари, туку и како семејство. Знам дека знаете, правиме сè заедно, на теренот и надвор од него. Одиме на шопинг, јадеме. Вие сте ми како браќа, и навистина го мислам тоа, и без вас ништо од ова не би било можно, и сакам да знаете дека оваа награда е и ваша награда, затоа ви благодарам многу, - порача плејмејекрот.