Аделман и наредната сезона ќе ги предводи Денвер Нагетс

Макфакс

22/05/2025

22:13

158

Големина на фонт

а а а

Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо.

Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот.

Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун.

Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан тренер.

Тој успеа да оствари серија од три победи во НБА откако го презеде тимот, а потоа го водеше тимот во плејофот, во седум натпревари Денвер ги елиминира ЛА Клиперс, но потоа во полуфиналето во седум натпревар Нагетс загубија од Оклахома.

Постоеше сомнеж дали Аделман ќе остане прв тренер поради конкретни одлуки на крајот од натпреварите, но се чини дека сите во клубот се доста задоволни од неговиот придонес.

Недолго по објавата од „ESPN“, и Денвер потврди дека Аделман ќе биде новиот тренер.

„Го унапредивме Дејвид Аделман во улогата на нов главен тренер“, рече Џош Кронке, сопственик и извршен директор на Нагетс.