[ВИДЕО] Надреални сцени во Бразил – Кутињо дава интервју, а во позадина се слушаат истрели

Точка

23/05/2025

13:28

814

Големина на фонт

а а а

За време на интервјуто што Филипе Кутињо го даваше за новинарите од телевизиската куќа "Globo", во позадина јасно се слушаа истрели од огнено оружје. Сепак, тоа не го вознемири – со насмевка го продолжи разговорот.

Фудбалерите на Васко да Гама ги привршуваат подготовките за големото градско дерби против Флуминенсе, кое се игра во рамките на 10. коло од бразилската Серија А, на легендарниот стадион Маракана.

Во пресрет на натпреварот, клубот од Рио де Жанеиро организираше т.н. „media day“, каде новинарите имаа можност да разговараат со неколку клучни играчи. Меѓу нив беше и Филипе Кутињо, поранешен бразилски репрезентативец кој стекна слава во дресот на Ливерпул, а настапуваше и за Интер, Барселона, Баерн Минхен и Астон Вила, од која моментално е на позајмица во Васко.

Додека даваше изјава за "Globo", ситуацијата одеднаш се смени – во непосредна близина на тренинг-центарот јасно се слушнаа истрели. Она што ја изненади јавноста беше тоа што никој од присутните не покажал знаци на паника – ниту новинарите, ниту Кутињо, ниту клупскиот персонал. Кутињо дури и се насмевна, а помалку од една минута подоцна се слушна уште еден рафал од истрели.

За жал, вакви сцени не се невообичаени за Рио де Жанеиро, град каде насилството и судирите меѓу вооружени групи се секојдневие.