Во изминатиот период може да се забележи активна присутност на Велија Рамковски на социјалните мрежи. Како што тој најави, повторно се враќа во телевизиските води, овојпат само на Интернет. Ја реобновува А2 како Интернет Телевизија. Неговото соопштение за медиуми ви го пренесуваме во целост:
А2 телевизија започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката. Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија.
Под мотото „А2 - заедно во ново светло“, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност. Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2.
Во новото светло заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски - пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава.