Мохамед Салах ги инспирираше своите соиграчи и со своите настапи му помогна на Ливерпул да стигне до нова титула во Премиер лигата, а на крајот на сезоната признал дека не очекувал ваков расплет.
Египетскиот интернационалец искрено потенцирал дека е изненаден од начинот на кој ги одиграл натпреварите и посакува да продолжи во иста форма и наредната сезона.
– Никогаш не сум бил толку среќен во овој клуб како сезонава. Не само поради фактот што ја освоивме титулата, туку и поради фактот што имав толку големо влијание со голови и асистенции, не очекував такво нешто.
– Трофејот е уште позначаен ако се знае дека го освоивме откако од клубот си заминаа еден толку трофеен менаџер и многу важни фудбалери.
– Пред почетокот на сезоната разговарав самиот со себеси и се мотивирав да го дадам максимумот и да се обидам да им помогнам на соиграчите колку што можам повеќе. Би сакал да продолжиме вака и да стигнеме и до трофеј во Лигата на шампионите, – рекол Салах.