Хумелс за тешкиот период во Рома: Јуриќ ме направи безначаен

Дерби

23/05/2025

13:41

305

Големина на фонт

а а а

Рома има перфектна завршница на сезоната под водство на Клаудио Раниери, но беше далеку од оваа позиција во првиот дел од сезоната и пред се во периодот кога тренер беше Иван Јуриќ.

Хрватот ја презема функцијата од Даниеле Де Роси, но не се прослави со резултатите, исто како и со односот со дел од ѕвездите на „волчицата“.

Матс Хумелс пред медиумите сега истакнал дека бил во многу тешка состојба за време на соработката со Јуриќ.

– Ако Јуриќ не добиеше отказ по дуелот со Болоња, јас веројатно ќе си заминев една недела подоцна. Подобро да играм лошо, отколку воопшто да не играм.

– Чувствував како Јуриќ ме прави безначаен, не беше лесно и тоа ме скрши психички. Никогаш не зборувам јавно, сакам да бидам професионалец, но веројатно во еден момент ќе експлодирав, – рекол Хумелс, кој најавил дека единствено што може да го спречи да оди во пензија е да добие повик од Борусија Дортмунд.